• Хемодијализа
  • Дијагностички Центар
  • Лабораторија
  • Дневна болница
  • Диамедикал
  • Хемодијализа

    Хемодијализа на бубрези

  • Дијагностички Центар

    Дијагностички центар

  • Лабораторија

    Биохемиска лабораторија

  • Дневна болница

    Дневна болница

  • Диамедикал

    ПЗУ Диамедикал

diamed_centar

 

Диамед е Специјална болница за нефрологија и хемодијализа која обезбедува грижа за болни со бубрежни заболувања, бубрежна слабост и болни кои се на хроничен програм на хемодијализа. Вложуваме напори да го подобриме квалитетот на живот на болните со современа медицинска и лекарска грижа и терапија, индивидуалнo водење и следење за секој болен.

Диамед Специјалната болница за нефрологија и хемодијализа е сместена во општина Ѓорче Петров, во објект кој беше руиниран и целосно реновиран во 2009 г. Болницата е отворена во Април 2010 г. и започна со работа во Мај истата година. Од самиот почеток болницата работи со договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија. Се започна со 40 болни на редовен програм  на хемодијализа. Денес имаме 110 болни на 25 апарати за хемодијализа (произведени во Нипро, Јапонија) со можност да се обезбеди редовен програм на хемодијализа за уште десетина болни. Во Диамед развиваме нови иницијативи и позитивен пристап на општеството кон терапијата со хемодијализа. Дијализата е тешка работа но се трудиме да за нашите болни и за нас вработените дијализата ја направиме прифатлива.

Диамед има 46 вработени од кои 8 лекари, 22 медицински сестри, 2 биохемичари. Сите заедно обезбедуваме врвна грижа за болните и ги докажуваме темелните вредности на болницата и тимот вработени. Беспрекорна услуга и опслужување на другите се нашата причина зошто постоиме. Ние работиме заедно, делиме заеднички цели. Не се задоволуваме со постигнатото и потојано тежнееме кон подобрување и развој.

Диамед Специјалната болница за нефрологија и хемодијализа постојано се развива. Нефролошката амбуланта обавува консултации и прегледи, дијагностика и следење на болни со бубрежни заболувања, покачен крвен притисок, инфекции на мочните патишта, камења во бубрезите (нефролитијаза), акутни и хронични бубрежни заболувања. Ехо кабинетот обезбедува преглед на мевните органи и уринарните патишта. За да бидеме поблиску до граѓаните на општината Ѓорче Петров во Ноември 2011 г. започна со работа Поликлиниката Диамедикал. Во склоп на поликлиниката работи ординација по општа медицина, избор на матичен лекар, дневна болница и домашна посета. Специјалистичката ординација по медицина на трудот обезбедува систематски прегледи, спирометрија, аудиометрија, ЕКГ. Биохемиската лабораторија (која има слкучено договор со Фондот за здравсtвено осигурување, пакет LU 1) покрај испитувањето на oсновните лабораториски анализи нуди можност и за изработка на додтани лабораториски анализи.

Наша визија и филозофија е дека доброто што гo чиниме за нашите болни и вработени и позитивната атмосфера исто така се шири и во нашите фамилии. Наши четири основни компоненти се:

  1. Градење на врвна болница за грижа на бубрежно болните.
  2. Да бидеме модел и пример за останатите специјализирани центри за бубрежни болни.
  3. Градење на заедништво и солидарност.
  4. Развивање на нови идеи за иден развој и просперитет.